Како безбедно да извадите крлеж

Прошетките во парковите се вистинско уживање за вашето куче и за вас. Но, не заборавајте дека скриени во тревата чекаат крлежите. Доволна е една прошетка за вашето куче да се врати дома носејќи несакани гости закачени на кожата

url

Фатете го крлежот што е можно поблиску до кожата

Како безбедно да го извадите крлежот? Во никој случај не обидувајте се да го извлечете крлежот на сила. На овој начин вие ќе го отстраните телото, но главата ќе остане внатре, цврсто закачена за кожата и може да предизвика инфекција.
Од усните на крлежот излегува израсток во вид на игла, кој ја пробива кожата на кучето и вшприцува супстанција слична на цемент, како и антикоагулант. На овој начин крлежот успева да остане прицврстен за кожата, каде што може непречено да се насладува со крвта на кучето.

5pcs-Lot-font-b-Tick-b-font-font-b-Remover-b-font-Tweezers-Pet-font-b

Постојат специјални алатки за вадење крлежо

Еден од најлесните начини е да го испрскате крлежот со инсектицид, се разбира, таков што може да се употреби на кучиња, и откако крлежот ќе умре, тој може лесно да се извади или, пак, самиот ќе падне.
Има специјални алатки за вадење крлежи, кои можете да ги купите. Фатете ја главата на крлежот со штипката односно пинцетата, колку што можете поблиску до кожата. Внимателно и полека вртете ја алатката спротивно од движењето на стрелките на часовникот, крлежот ќе излезе како да одвртувате завртка. За полесно да излезе крлежот, можете да го намачкате со вазелин или со путер.
Овој начин е повалкан, но е ефективен и не заборавајте дека морате внимателно да го вадите крлежот со ротирање спротивно од движењето на стрелките на часовникот.

Никогаш не обидувајте се да го изгорите крлежот со цигара или на некој друг начин, затоа што може да го повредите кучето.

Се разбира, секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи, па обидете се да избегнувате висока трева, грмушки, како и места на кои пасе стока. Најсигурната превентива е во форма на ампула, која се става на кожата на задната страна од вратот на кучето.

Ознаки:,